КАКО ИЗГЛЕДА И КАКО СЕ ЧУВСТВУВА ЛИЧНОСТА КОЈА СТРАДА ОД ДЕПРЕСИЈА?

 

Основна карактеристика на оваа болест е ниско, депресивно расположение, губење на чувството на задоволство, губење на енергијата, чувство на страв без некоја посебна причина(анксиозност), чувство на вина, неможност да се види никаква перспектива, безизлезност, губење на волјата на живот, размислување на самоубиство, па дури и обид за самоубиство. Исто така промена во размислувањето, исхраната и сонот.

 

  1. Какво е расположението?

Депресивните личности се тажни и безнадежни. Луѓето кои страдаат од оваа состојба го губат задоволството во активностите во кои претходно уживале. Има многу голема разлика од дерпресијата и тагата. Депресивните луѓе чувствуваат длабоко патење и емоционална болка. Некои депресивни луѓе можат да бидат полесно иратибилни, нервозни и анксиозни од колку тажни. Карактеристично за нив е што не гледаат можност за подобрување, иако многумина од нив поради карактеристиките на болеста поминале низ таа фаза на подобрување и повторно влошување.

Самото лице дава чувство на болка. Најчесто без солзи, но некои и плачат, возбудени и исплашени се поради својата состојба. Речиси половина негираат дека се депресивни, па најчесто се доведени на психолог/психијатар од најблиските. Типични се и дневни варијации на депресивното расположение, па некои се чувствуваат повеќе депресивно во одредеден период од денот.

Депресијата многу често ( во повеќето случаеви) доаѓа заедно со анксиозноста, злоупотреба на алкохол и дроги. Понекогаш доминираат и физички симптоми, а тоа е најчесто кај повозрасните лица. Во најголемиот број случаеви лицето кое страда од депресија, страда и од анксиозност и лицето кое страда од анксиозност чувствува депресија, така што станува збор за дијагноза што и психијатрите најчесто ја даваат – депресивно-анксиозно нарушување.

 

  1. Што е со телесните функции?

Лицата кои страдаат од депресија имаат промена во исхраната( зголемен или намален апетит). Исто така пореметувањето на сонот е доста често. Дури 80 % се жалат на неможноста за добар и квалитетен сон, неможност да заспијат и често будење во текот на ноќта. Всушност  лицата кои се будат повеќе пати во текот на ноќта, a потоа не можат лесно да заспијат, страдаат од најтежок облик на клиничка депресија.

Исто така депресивни луѓе често се жалат на хронична исцрпеност. Со тоа доаѓаат и потешкотии да ги завршат работните обрски и намалено либидо.

 

  1. Каква е психомоториката?

Депресивните луѓе имаат намалена психомоторна спосoбност која се манифестира како успорено мислење и успорен говор и успорени движења. Способност за говорење и движење може да дојде до т.н состојба на депресивна летаргија кога пациентите се изолираат и одбиваат да разговараат. Но, пациентите можат да бидат и во состојба на т.н психоморона агитација, односно да бидат вознемирени, да не можат мирно да седат на едно место, да чувствуваат потреба постојано да се во движење.

 

  1. Каква е концентрацијата?

Многу лица кои страдаат од депресија имаат намалена концентрација и намалена способност за размислување. Најчесто не можат да ги завршат секојдневните активности( на работа, во училиште, домашни обрски…). Дури кај некои се јавува и неможност да се сетат на вообичаните секојдневнивни обврски кои ги завршиле. Ова се случува почесто кај повозрасните лица.

 

  1. Какви се тие психотични симптоми и кога се појавуваат во депресијата?

Во многу тешки случаи на депресија, некои можат да развијат и психотични симптоми како што се халуцинации или погрешни верувања кои немаат стварност во реалноста, лажни убедувања, заблуди настанати на нереална основа и нерационални размислувања. Кај депресивните луѓе ова се јавува многу ретко, а ако се јават најчесто се проследени со чувство на вина, грешност, безвредност и можат да бидат последица и од тешка телесна болест.

 

20.02.2021

Извор: plivazdravlje.hr

Подготвил: Бојан Велковски