Психолози од Харвард: Правете ги овие 7 работи за да ги израснете вашите деца во здрави личности

Детскиот мозок не е ист како мозокот на возрасните. Нивниот мозок е во изградба, и е работа на родителите да изградат флексибилен мозок со кој децата еден ден ќе можат да се впуштат во светот. Според долги истражување на психолози од Хардвард следниве седум правила се клучни за вашето детето порасне во здрава личност.

 

  1. Бидете градинар, а не сејач

Сејачите го обликуваат семето во форма во која што тие сакаат, градинарите пак му помагаат тоа да созрее на свој начин. На тој начин родителите наместо да го форсираат детето да стане на пр. виолинист(против некога волја), дозволете детето да го избере својот пат. Дали тоа сака да биде музичар и виолинист? Еднаш кога ќе разберете какво „семе” растете, ќе може да го адаптирате да созрее на прав начин.

 

  1. Зборувајте и читајте му на вашето дете

Истражувањата покажуваат дека дури и кога детето е само неколку месеци возрасно и не го разбира значењето на зборовите, неговиот мозок реагира на нив. Научете ги и на зборови кaко тажен среќен, задоволен…а потоа објаснете им ги овие зборови во секојдневни ситуации…пр: „Го гледаш детето што плаче? Тоа чувствува болка затоа што падна.”

 

  1. Објаснувајте му

Може да биде навистина исцрпувачки кога вашето дете постојано ве прашува „ Зошто?”, но на тој начин учи нешто ново. Ако му одговарате „Затоа што јас реков така”, не само што нема да научи ништо ново, туку нема да може и да ги разбере своите постапки и последиците од своите постапки.

 

  1. Објаснете му ја активноста, не личноста

Кога вашиот син ќе ја удри вашата ќерка не му викајте само да престане да го прави тоа. Кажете му да престане да ја удира сестра му затоа што тоа ја боли и иритира. Научете го да знае да каже „извини”. И слична ситуација доколку вашата ќерка направи нешто добро, не и викајте само „Браво “. Речете и на пример. „Постапи добро што не возрати на ударот на брат ти”. На овој начин ја моделирате нивната флексибилност која ќе им треба во реални ситуации во животот, и исто така ги учите за своите постапки и зошто се тие добри или лоши.

 

  1. Вашите деца ги копираат вашите постапки, затоа бидете внимателни како постапувате

Децата учат кога гледаат, си играат, но најмногу учат кога ги гледаат постапките на нивните родители. Па затоа трудете се да бидете пример за вашите деца, од кој што ќе можат да учат и да се огледуваат.

 

  1. Овозможете им на вашите деца да имаат контакт со повеќе луѓе

Освен со луѓето со кои постојано се изложени вашите деца како бабите и дедовците, тетките и чичковците, изложете ги да се дружат почесто и со други деца на нивна возраст( се разбира тука треба да бидете претпазливи со кого им дозволувате да се дружат). Групата од врсници има големо влијание врз нивниот раст и развој и како потоа ќе се впуштат во светот на возрасните.

 

  1. Овозможете им да учат сами

Децата сакаат кога учат сами нови работи. Премногу заштитнички поставени родители можат да предизвикаат спротивен ефект и во иднина детето дури кога ќе порасне да не може да ништо само да направи без помош родителите. Се разбира многу е тешко и предизвикувачки да знаете кога да отстапите и да ги натерате да направат нешто сами. Но понекогаш кога сами се борат нешто да научат или направат им овозможува да го разберат своето однесување и последиците од своето однесување.

 

24.01.2021

 

Извор: cnbc.com

Подготвил: Бојан Велковски