ПЕТ НАЧИНИ ЗА САМОПОМОШ ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ КОИ СТРАДААТ ОД АНКСИОЗНОСТ
Сите се соочуваме со анксиозност во непредвидливи,страшни и предизвикувачки ситуации. Анксиозноста е многу природна човечка емоција која постои за да не заштити од потенцијални закани во животот. Анксиозноста често е непријатно чувство на загриженост. Исто така може да предизвика и физички симптоми- како срцебиење, забрзано дишење, главоболки и проблеми со стомакот.
Младите луѓе се соочуваат со многу промени во животот и многу нови искуства и сосем природно е понекогаш да се чувствуваат анксиозни. Пандемијата од КОВИД-19 дополнително ги зголеми предизвиците за младите луѓе по нивното ментално здравје и го зголеми чувството на анксиозност.
Пробајте да ја намалите анксиозноста со следниве пет чекори:
- Земете длабоко воздух – Вдишете длабоко преку носот и испуштете го воздухот преку устата. Бавното вдишување и издишување е наједноставен и најефикасен начин за намалување на анксиозноста. Брзото дишење е својствено за анксиозноста. Можете секојдневно да вежбате бавно вдишување и издишување, на тој начин ќе го релаксирате телото и ќе ги тргнете негативните мисли.
- Разговарајте со пријател или со некого на кого може да му верувате – кажете како се чувствувате. Кога разговарате со некого во кого имате доверба се намалува притискот во мозокот кој го чувстувате и ви овозможува чувство на сигурност. Имајте на ум дека и вие може да му бидете од помош на некој кој се чувствува анксиозно.
- Вратете се кон основните работи кога се чувствувате анксиозни – недостатокот од сон или лошата исхрана природно ја зголемува анксиозноста. Затоа фокусирајте се да имате квалитетен сон, здрава исхрана и физичка активност. Многу луѓе за да ја намалат анксиозноста конзумираат алкохол во големи количини, но на долг рок ова само ќе ја зголеми вашата анксиозноста и ќе направи да се чувствувате полошо.
- Правете секојдневни активности кои ве смируваат – обидете се барем еден час во денот да одвоите време за работи кои ве опуштаат како читање книга, цртање, медитирање…Тргнете се од активности кои ќе ви ја зголемат анксиозноста, како постојано читање на негативни работи на интернет.
- Побарајте дополнителна помош – доколку чувствувате дека вашата анксизност е преголема и веќе не може да се справите со неа и негативно влијае на вашиот квалитет на живот, училиштето/факултетот, секојдневните активности не се срамете да разговарате со психолог/психотерапевт.
20.01.2021
Извор: voicesofyouth.org
Подготвил: Бојан Велковски