ЗОШТО АНКСИОЗНОСТА Е ПОЧЕСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ,ОТКОЛКУ КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕ?
Нова студија во САД спроведена од 2008 до 2018 година, покажала дека младите луѓе се многу поизложени на анксиозноста од колку повозрасните.
– Студијата е спроведувана на лица од 18 години и постари во период од 2008 до 2018 година.
– Анксиозноста кај младите од 18-25 години за време на ова истражување речиси двојно се зголемила, но останала на исто ниво кај лицата над 50 годишна возраст.
– Сеуште не е јасно која е причината младите да бидат поанксиозни, но социјалните медиуму, економската несигурност и нездравиот животен стил можно е да имаат улога.
Според ова истржување анксиозноста е најчесто ментално нарушување во САД која зафаќа 18,1 процент од популацијата, но речиси идентична е ситуацијата во сите развиени држави. Но оваа состојба не ги погодува сите возрасни групи на ист начин. Тинејџерите и младите луѓе над 18 год. се посебно погодени од оваа невидлива чума, и најчесто анксиознота е пропратена со некое друго ментално нарушување во најголем дел од случаевите со депресија.
Истражувањето е спорведувано на начин на кој што е мерена анксиозноста со наједноставно прашање: „Колку често си се чувствувал нервозен во последните 30 дена?” Истражуваните се поделени во повеќе категории според возраста, полот, степенот на образование и брачниот/љубовен статус.
Ансксиозноста кај младите изнесувала 7.97 проценти во 2008 година , а се зголемила на 14.66 проценти во 2018.
Ова истажување е загрижувачко. Анксиознота во младоста може подоцна во животот да доведе до цел спектар на анксиозни нарушувања, депресија, злоупотреба на дрога и алкохол и здравствени проблеми. Младоста е ранлив период за појава за посериозни состојби подоцна во животот.
Покрај младите луѓе кои се најзастапени истражувањето посочува и други категории кај кои се зголемила анксиозноста во поголем процент:
– Возрасните кои не се во брак или врска( од 7.25% во 2008, на 11.41% во 2018)
– Возрасните со високо образование( од 5.16% во 2008, до 7.47% во 2018)
– Возрасните со пониски примања( од 8.69% до 11.9 %)
Зошто младите луѓе се толку анксиозни?
Истражувањето не ги посочува причините, но според многу експерти социјалните мрежи можат да играат голема улога. Преку нив младите се поретко имаат личен контакт со други луѓе, со тоа се појавува потешка способност да го задржат вниманието, но има и голем случај на негативни онлајн искуства.
Покрај тоа како други главни причини се посочуваат лошата исхрана и економската ситуација, односно економската несигурност со која се соочуваат младите која е поголема од периодот во кој живееле нашите родители.
Накратко во 21-век имаме „анксиозен бум”, кој е тешко да се објасни од каде доаѓа.
Анксиозноста и КОВИД-19
Сеуште е рано да се процени какво влијание пандемијата оставила врз менталното здравје. Сепак за време на летниот период во САД е спроведено истражување кое го опфатило влијанието на пандемијата врз анксиозноста за време на првиот бран од оваа болест.
Во јуни, оваа година околу 5400 испитаници од САД одговориле прашалник за менталното здравје, дали имаат суицидни мисли и дали имаат проблем со злоупотреба на супстанци. Истражувањето покажало дека дури 41 процент од испитаниците имале барем еден симптом на нарушено ментално здравје, најчесто анксиозност и депресија. Но затоа пак постои голема разлика помеѓу возрасните групи.
63 проценти од младите од 18-24 год. одговориле дека имаат симптоми на анксиозност или депресија. Само 8 проценти од повозрасните над 65 години ги пријавиле овие симптоми.
Ваквите истражување имаат големо значење и треба да се прават почесто затоа што им се дава до знаење на службите да реагираат соодветно и да овозможат соодветен психлошки и социјален пристап кон затегнатите групи во општеството.
13.12.2020
Извор: bigthink.com
Подготвил: Бојан Велковски