ЗА СИТЕ ШТО СЕ МОМЕНТАЛНО НЕВРАБОТЕНИ ПОРАДИ ДЕПРЕСИЈА ИЛИ ДРУГО ПСИХИЧКО НАРУШУВАЊЕ
Со што се занимаваш?
Кога запознаваш нови луѓе или ќе сретнеш некого кој што не си го видел подолго време, едно од првите прашања е „Со што се занимаваш”. Тоа е едно од основите прашања кога влегуваш во нова конверзација. Но кога не можеш да работиш заради ментално нарушување, тешко е да се одговори на ова прашање.
Прашањето секако не е поставено со злобна намера, но најчесто кај луѓето кои не можат да работат заради нивната психичка состојба, предизвикува срам и разочараност. Невработеноста предизвикува чувство дека не правиш ништо пожелно за општеството, а со тоа и што не студираш или веќе си ги завршил студиите, а не работиш, прави да се чувствувате „помалку луѓе” од другите. Луѓето гледаат млад дечко или девојка во своите дваесетти и се прашуваат зошто не прави ништо кога може да биде продуктивен.
За луѓето со психички нарушувања преживувањето е најпродуктивната работа која можат да ја работат во моментов и тоа не е лесно да се каже. Да го поминеш секој ден со своите негативни мисли е најтешката работа која што може да се работи и нема одмор од неа. Нема платен одмор кога станува збор за оние кои што страдаат од ментални нарушувања. Работата за овие луѓе се основни задачи на преживување: да јадат, да пијат доволно вода, да се истушираат, да сменат облека, измијат забите и да ги земат лековите. Не изгледа како многу тешка задача, но за некои има денови кога не можат да го направат и ова.
Највеќе од се би сакал да работам: да имам стабилна работа и да имам стабилни примања. Не живеам од ден за ден затоа што ми е убаво, туку затоа што во овој момент од животот немам друга опција. Мојата депресија ми ја црпи целата енергија и мотивација, а анксиозноста ме спречува да влезам во интеракција со други луѓе. Не е дека не се трудам доволно добро, туку дека навистина не можам. Понекогаш некои луѓе успеваат да се справат, но тоа не е случај за секого- вели една личност која страда од депресивно и анксиозно нарушување.
Посакувам да можам да одговорам повеќе, кога ќе ми го постават ова прашање, но секогаш останувам без зборови. Во последно време мојот одоговор е „се трудам да го поминам денот добро”. Прифаќам дека не треба да му давам на некого изговори и оправдувања, затоа што не е нивна работа. Не е ништо од што треба да се срамите, но стигмата дека ако не работите сте мрзеливи прави навистина да се чувствувате непријатвно во ваква ситуација.
Ако сте невработени поради психичко нарушувањe, запомнете ги следниве работи:
1. Не мораш да бидеш вработен за да бидеш почитуван и ценет член на заедницата. Твојата вредност не зависи од твојата професија, туку од твојот карактер. Ти вредиш и заслужуваш добро само затоа што постоиш. Тоа е нешто што не мора да го докажуваш за да го заслужиш.
2. Не мора да докажуваш на никого дека твојата болест е навистина лоша и дека заради тоа не можеш да работиш. Сите луѓе ги сфаќаат различно работите во животот и немаш потреба да му се правдаш на никого.
3. Не си сам! Има многу луѓе кои не можат да работат, и не треба да се срамите од тоа. Тоа не е во ваша контрола. Најважното нешто што треба да го направите е да работите на тоа да го подобрите вашето ментално здравје, а воедно тоа е и најтешката работа која ви претстои.
13.12.2020
Извор:themighty.com
Подготвил: Бојан Велковски