ШТО Е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ?

Менталното здравје се однесува на когницијата, однесувањето и емоционалната благосостојба на една личност. Честопати со изразот „ментално здравје” се мисли отсуство на ментална болест.

Менталното здравје влијае на активностите кои ги имаме, врските со другите луѓе и физичкото здравје. Но исто така процесот е и обратен. Факторите во животот на една личност како што се одредени настани и физички фактори влијаат врз менталното здравје.

Да се грижите за вашето ментално здравје значи можност да уживате во животот. Ова значи да се има баланс помеѓу активностите и одговорностите во вашиот живот.

Состојби како депресијата, анксиозноста и стресот влијаат врз менталното здравје и врз дневните активности на една личност.

Иако се користи изразот ментално здравје, докторите се сложни дека некои состојби на психолошки нараушувања имаат физичка позадина.

Во оваа статија ќе се обидеме да објасниме што значат термините менталното здравје и ментална болест, кои се најчестите дијагнози, симптомите и како да се третираат.

 

ШТО Е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ?

Според СЗО:

Менталното здравје е состојба во која една личност е свесна за своите способности, може да се справи со предизвиците од секојдневниот стресен живот, може да работи продуктивно и да биде корисен за средината и општеството како целина.

СЗО исто така потенцира дека менталното здравје не е само отсуство на ментални нарушувања туку и чувство на среќа и благосостојба.

Исто така грижата за менталното здравје е клучна на индивидуална база, но и за целата општествена средина.

 

РИЗИЧНИ ФАКТОРИ ЗА МЕНТАЛНИ НАРУШУВАЊА

Кај секоја личност може да се јави одредено ментално нарушување во текот на нивниот живот безразлика од пол, раса, возраст или економска ситуација.

Во САД и Европа и поголемиот дел од развиениот свет менталните нарушувања се една од главите причини за нефункциналност кај луѓето.

Факторите можат да бидат најразлични од социјални и финансиски, биолошки, но и ризичниот животен стил и одлуки кај личноста.

Голем дел од луѓето со ментални нарушувања имаат повеќе од една дијагноза.

Многу е важно дека за добро ментално здравје да се направи баланс помеѓу факторите и животот и самата средина во која живее една личност.

Следниве фактори можат да предизвикаат дисбаланс во менталното здравје:

1.Социјалната средина и економската состојба

Ограничените финансии, припадноста кон маргинализирана група или етничката припадност која ги нема истите права како другите во одредена држава/општество го зголемува ризикот за појава од ментални нарушувања.

Истажувањата покажуваат дека постојат разлики за третманот во однос на факторите кои можат да се променат со тек на време и оние кои не можат да се променат.

Фактори за менталното здравје кои можат да се променат се:

  • Социоекономската состојба односно вработувањето
  • Професијата со која се бави една личност
  • Образованието
  • Семејната средина во која живеете

Фактори за менталното здравје кои не можат да се променат се:

  • Пол
  • Возраст
  • Етничка припадност

Истражувањата покажуваат дека во некои општества женскиот пол е поподложен на ментални нарушувања.

Луѓето кои се во тешка економска ситуација се најподложни за појава на ментални нарушувања.

  1. Биолошки фактори

Историјата на психички болести во семејството го зголемува ризикот за појава на ментални нарушувања. Но, сепак ова не е пресудно. Кај некои кои имаат генетски предиспозиции можат да се јават ментални нарушувања, а кај некои кои немат никакви генетски предиспозиции исто така можат да се јават ментални нарушувања.

 

НАЈЧЕСТИ НАРУШУВАЊА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

За најчести нарушувања на менталното здравје се сметаат:

  • Анскиозните нарушувања
  • Нарушувањата на расположението
  • Шизофренијата и шизотопните нарушувања

 

1.АНКИСОЗНОСТ

Анксиозноста претставува најчест вид на ментално нарушување. Луѓето со овие нарушувања може да чувствуваат анксиозност кон одредени предмети, ситуации во животот, личности и слично.

Анксиозни нарушувања се:

  1. Генерално анксиозно нарушување

Ова нарушување сериозно го нарушува секојдневниот живот на личноста.

Предизвикува и физички симптоми како што се: замор, проблеми во сонот, проблеми со мускулите.

За луѓето со генерално анксиозно нарушување не мора да има посебен тригер за нивната состојба.

За луѓето кои страдаат од оваа состојба можат да чувствуваат анксиозност и да ги чувстуваат како сериозна опасност секојдневни активности како одењето на работа, вршењето на фамилијарни обврски. Некои можат да чувствуваат анксиозност без ниедна посебна причина.

Б) Панични нарушувања

Луѓето со панични нарушувања доживуваат панични напади, што всушност се карактеристира како огромен страв, срцебиење, напнатост…односно луѓето кои имаат панични напади доживуваат физички симптоми.

В) ФОБИИ

Постојат повеќе видови на фобии:

  • Обична фобија- најчесто претставува страв од одредени објекти, животни или сценарија. Чест пример за овој вид на фобија е страв од пајаци.

 

  • Социјални фобии- или уште познато како социјална анксиозност, ова е страв дека ќе бидеш осуден од луѓето и средината. Луѓето со оваа фобија најчесто се изолираат и избегаваат конатакт со други луѓе.

 

  • Агарофобија- овој вид на фобија претставува страв од одредени ситуации како страв од тоа да се биде во лифт или воз.

 

Г) ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО

Луѓето кои страдаат од ова растројство имаат постајани опсесии за една иста работа и ги повторуваат работите. Типичен пример е опсесијата со чистење и постојано миење раце.

 

Д) ПОСТРАУМАТСКО РАСТРОЈСТВО

Ова растројство настанува како резултат на стресен и трауматски настан кој и се случил на личноста.

 

  1. НАРУШУВАЊА НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Најчесто нарушување е депресијата. Оние кои што страдаат од нарушувања на расположението имаат големи промени на расположението што им го отежнуваат функционирањето и животот. Во нарушувања на расположението спаѓаат:

А) ДЕПРЕСИЈА– Личноста со депресија има постојано лошо  расположение, го губи интересот за активностите и работите што ги сакал претходно, исто така доживува промени во спиењето, исхраната и сл. Најчесто чувствува постојана тага и вина.

Б) БИПОЛАРНО РАСТРОЈСТВО– луѓето кои страдаат од ова растројство доживуваат големи промени во расположението, степенот на енергија и активност. Доживуваат периоди на големо расположение или т.н манија и периоди на ниско расположение односно депресија.

В) СЕЗОНСКО ДЕПРЕСИВНО РАСТРОЈСТВО –  намалувањето на денот и сончевата светлина во есен и зима предизвикува силна депресија кај оние кој страдаат од ова растројство. Ова нарушување е најчесто во северните земји каде што има помалку сончева светлина и долги и темни зими.

 

  1. Шизофренија и шизотипни растројства

Психијатрите се сеуште поделени во тоа дали шизофренијата е едно нарушување или група од комплексни слични нарушувања.

Најчесто шизофренијата се појавува од 16-30 годишна возраст. На луѓето со шизофренија можно е да им е тешко да ги процесираат информациите, да имаат делузии, халуцинации, нарушувања во размислувањето, но може и да се повлечат во себе и да изгубат мотивација.

 

РАНИ СИМПТОМИ НА МЕНТАЛНИ НАРУШУВАЊА

Не постои физички тест кој ќе покаже дали личноста развила некое ментално нарушување. Сепак треба да размислите да посетите психијатар доколку имате некои од следниве симптоми:

  • Се повлекувате од пријателите, семејството и колегите
  • Избегнувате активности во кои претходно сте уживале
  • Спиете премногу или премалку
  • Се чувствувате безнадежно
  • Немате постојано енергија
  • Користите почесто супстанци за да се чувствувате подобро, како алкохол и марихуана
  • Имате негативни емоции
  • Збунети сте
  • Не можете да ги завршите дневните активности како одењето на работа или домашни работи како пр. готвење
  • Постојано ви се навраќаат исти негативни мисли и сеќавања
  • Размислувате да се повредите самите себе или некој друг
  • Слушате гласови
  • Имате халуцинации

 

  ТРЕТМАН

Постојат повеќе начини на третман и тоа зависи од менталното нарушување што го имате и степенот на тоа нарушување, но пред се тоа е многу индивидуална работа и еден вид на лекување за некого може да делува, а за некого не. Најчесто се користат комбинирани терапии.

Третманот вклучува:

  1. Психотерапија

 

Овој вид на третман поаѓа од психолошко лекување на менталното растројство кај личноста. Когнитивната терапија, гешталт терапијата се примери за овој вид на лекување.

Психолози, психијатри и психотерапевти го спроведуваат овој вид на лекување.

Најчесто се разговара со пациентот и тој доаѓа до заклучок каде се корените на неговото ментално нарушување и низ разговор се стимулира како да се справи со стресните ситуации во животот.

 

     Б) ЛЕКОВИ

На некои луѓе им требаат препишани лекови како антидепресиви, анксилиотици и антипсихотици.

Иако овие лекови не можат целосно да ја излечат болеста можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од психички нарушувања да ги ублажат нивните симптоми и да им овозможат социјална интеракција и нормална рутина.

Овие лекови лачат некои хормони кои им се потребни на пациентите како на пример серотонин и допамин. На овој начин прават баланс во нивниот мозок.

Овој вид на терапија најчесто се користи заедно со психотерапијата. На тој начин со тек на време(обично психичките нарушување се лечат долг временски период или можат да бидат трајни во зависност од дијагнозата) може оние кои страдаат од психички нарушувања да ја излечат болеста или да ги ублажат симптомите.

  В) САМОПОМОШ

Луѓето кои страдаат од ментални нарушувања мора да направат промена во нивниот животен стил за да си помогнат.

Таквите промени може да бидат: откажување од лоши навики- како претерано пиење алкохол, промени во исхраната. На некои им треба да земат слободно време од работа или да ги решат некои лични релации за да го подобрат своето ментално здравје.

Оние кои страдаат од депресија и анксиозност може да користат техники за релаксација како што се техники во дишењето, спортување, медитација…

И за крај многу е важна и може да биде клучна поддршката од семејството и пријателите во справувањето со одредено ментално нарушување.

 

08.12.2020

Извор: medicalnewstoday.com

Подготвил: Бојан Велковски