ДЕПРЕСИЈАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОКЛОПИ СО СЕЗОНСКАТА ДЕПРЕСИЈА. НАПРАВЕТЕ ПЛАН, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

Линдси Хорникел, 25 годишна девојка од Луисвил, САД се чувствуваше добро на почетокот на пандемијата. Иако веќе со години страда од депресија, Хорникел објаснува дека депресијата не и се влошила веднаш со појавата на пандемијата. Напортив на почетокот повеќе време посветувала на работата и на тој начин ги оттргнувала лошите мисли од главата.

Постојано велев „Во ред сум, во ред сум” – вели таа. Се додека за време на летото и се влошила состојбата.

„Паднав во тешка депресија која не се издржуваше”- објаснува Хорникел, се додека не и кажала на цимерката дека сака да умре.

Од тогаш Хорникел е во  програма за делумна хоспитализација, каде што се третира од депресија, самоубиствени мисли и биполарно нарушување. Нејзината реакција на карантинското затворање поради пандемијата и предизвикало манија. Иако сега се чувствува подобро, за неа доаѓа период кога треба да е загрижена, a тоа е зимата. „За мене лично постојаната темнина е многу тешка”- вели таа. „И кога нема доволно сончева светлина и што да се прави – во период на зима, дефинитивно ми се влошува состојбата.”

Хорникел, всушност зборува за сезонската депресија. Оваа депресија се јавува за време на зимата кога е ладно и кога има помалку сончева светлина. Експертите за ментално здравје велат дека поради пандемијата која беше тригер за масовни симпотми на депресија кај многу луѓе, повеќе луѓе ќе страдаат од сезонска депресија оваа година.

Едно истражување во САД, објавено во JAMA NETWORK OPEN во септември оваа година покажало дека симптомите на депресија кај возрасни луѓе кои веќе страдаат од оваа болест се веќе три пати поголеми од обично. Истото истражување покажало дека тинејџерите подобро се справуваат со оваа состојба.

Американското здружение на психолози алармира дека се почесто се јавуваат суицидни мисли кај млади луѓе од 20-35 годишна возраст, за време на пандемијата. „Мислам дека е најмногу заради неизвесноста со вирусот и целата ситуација. Сите кризи имаат почеток, средина и крај, но пандемијата продолжува и не знаеме кога ќе заврши”- вели еден американски психолог.

„Ситуацијата за време на летото беше малку полесна со тоа што луѓето можеа да се собират на отворено. Но со зимата и стравот од пандемијата уште толку ќе се искомплицираат работите.” И покрај тоа што само мал процент од популацијата страдаат од сезонска депресија(6% проценти од популацијата во САД, според некои истражувања и 14% проценти имаат поблаги симптоми), оваа година ситуацијата може да биде покомплицирана кога ќе се преклопат изолацијата од пандемијата и сезонската депресија).

Лиза Карлсон која е претседател на Американската асоција за јавно здравје се сложува со оваа констатација. Според неа со сезонска депресија се соочуваат почесто луѓето кои веќе имаат некакво искуство со депресија. „Можеби оние што се најзагрозени од сезонската депресија се оние кај кои што веќе пандемијата беше тригер за депресија”- вели таа.

Но, како и да е психијатрите советуваат дека е сега време луѓето кои страдаат од депресија и можно е да дојде до влошување на депресијата кај нив со намалувањето на сончевите зраци и зголемувањето на ноќта, да направат план. Најчесто за почеток на сезонската депресија се зима периодот кога го враќаме часовникот еден час поназад, односно крајот на октомври и почетокот на ноември. Еве некои искуства од луѓе кои се соочуваат со истиот предизвик и како тие успеваат да ја ублажат депресијата, во овој период од годината.

  1. Направи план – ако денес се чуствуваш добро, а знаеш дека поради временските услови во наредните денови можеш да паднеш во депресија, денес сработи колку што можеш повеќе од обврските што ги имаш. Во случај да знаеш дека има денови кога ти е тешко да излезеш од дома, пробај да ги набавиш лекарствата кои ги пиеш на време. Вежбањето дефинитивно помага, па пробај во деновите кога имаш повеќе енергија, нешто да спортуваш. Тоа може да биде и мала прошетка преку ден или пак кратко возење на велосипед низ населбата во која живееш.
  2. Пробај да сфатиш што ти претставува тригер за депресивната епизода – ова воопшто не е лесно, но со тек на време можеш да научиш. Можеш да си запишуваш во деновите кога се чуствуваш лошо што всушност ти се случило тој ден, и обратно да запишуваш во деновите кога си добро што ти се случувало тој ден. Така можеш да дојдеш до заклучок кои навики ти ја ублажуваат депресијата, а кои навики ти ја влошуваат.
  3. Пробајте да набавите „САД”- ЛАМБА. Овие ламби може да ги нарачете преку интернет и се посебно терапевтски за луѓето кои страдаат од сезонска депресија. Истражувањата покажуваат дека неколку часа пред оваа ламба, прават чувство, како да сте биле изложени на сончева светлина.
  4. Најди начин да останеш поврзан со пријателите и семејството- нормална реакција на луѓето кои страдаат од депресија е да се изолираат потполно, но пробај максимално да се спротиставиш на тоа. Изолацијата од пандемијата оваа година дополнително ќе ти овозможи да се изолираш, но не го прави тоа. Пробај да се слушаш почесто со семејството и пријателите преку телефон или преку некои од интернет апликациите ZOOM, SKYPE како и преку социјалните мрежи.

14.11.2020

Извор: themighty.com

Подготвил: Бојан Велковски