ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ ШТО МИ ВРАТИЈА НА ПОРАКАТА “HEY” КОГА БЕВ ДЕПРЕСИВЕН

“Hеy”.

Ако си ми пријател, тогаш сигурно си добил вакви пораки во последно време од мене. Moжеби ти изгледала како обична порака, но не е… Во еден збор, вусшност јас барам помош. Никогаш нема да ти признаам колку навистина страдам. Тоа всушност не го правам затоа што сум премногу горд, туку затоа што мислам да не ти досаѓам и дека не вредам за твоето време.

Ако ми стане полошо, може дури да ти се јавам. Но повторно нема да ти признаам дека страдам. Напротив, ќе те прашам како си ти. Мојот начин да се отргнам од мислите во мојата глава понекогаш е со безначајни разговори или пак да пробам да ти помогнам тебе. Нема да разговарам за мене или за тоа како се чувствувам. Не сакам да те загрижувам. Знам дека овие мисли ќе поминат и дека тоа можам да го направам самиот.

Не многу луѓе ми одговориле на пораката “Hey”. Претпоставувам дека се зафатени, па затоа не сакам да ги притискам. А, потоа навлегувам длабоко во моите мисли и се чувствувам како да им досаѓам со моите пораки. Почнувам да мислам дека можеби и ги вознемирувам.

Кога нема да добијам одговор, навлегувам уште подлабоко во своето самосожалување и депресија. Ми треба некое време за да помине тоа. Не можам да го преокупирам умот со нешто друго.

На пријателите кои ми вратија на пораката “Hey” навистина ви благодарам. Можеби ме спасивте од тоа да направам лоша одлука во тој момент, а не сте ни свесни за тоа. Ме спасивте само со тоа што сте ми пријатели.

Не знам кој друг го прави ова, можам да кажам само самиот за себе. Јас секогаш кога можам се трудам да им вратам на пораките на другарите или да им се јавам. Знам како е да се чувствуваш осамен и дека тогаш ти треба некоја интеракција со луѓе што ги сметаш за блиски.

12.11.2020

Извор: themighty.com

Подготвил: Бојан Велковски