Одбележување на светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври 2020
[pl_row] [pl_col col=12] [pl_text]Денес е 10ти октомври, Светскиот ден за заштита на менталното здравје, кој традиционално се одбележува секоја година за да се подигне свеста и кај граѓаните и кај властите за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани кои имаат нарушено ментално здравје.
Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла со своите соработници оваа година како актуелна тема за одбележување на овој ден го избра влијанието на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 врз менталното здравје на граѓаните. За таа цел изработивме пригоден леток во електронска форма со пораки на оваа тема.
Ве повикуваме како граѓани и како претставници на разни организации, институции, компании да ни се придружите и да не поддржите заедно да придонесеме кон социјална инклузија и подобра иднина за оваа категорија наши сограѓани.
[/pl_text] [/pl_col] [/pl_row]