Search for:

ДЕПРЕСИЈАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОКЛОПИ СО СЕЗОНСКАТА ДЕПРЕСИЈА. НАПРАВЕТЕ ПЛАН, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

Линдси Хорникел, 25 годишна девојка од Луисвил, САД се чувствуваше добро на почетокот на пандемијата. Иако веќе со години страда од депресија, Хорникел објаснува дека депресијата не и се влошила веднаш со појавата на пандемијата. Напортив на почетокот повеќе време посветувала на работата и на тој начин ги оттргнувала лошите мисли од главата.

Постојано велев „Во ред сум, во ред сум” – вели таа. Се додека за време на летото и се влошила состојбата. Read More

ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ ШТО МИ ВРАТИЈА НА ПОРАКАТА “HEY” КОГА БЕВ ДЕПРЕСИВЕН

“Hеy”.

Ако си ми пријател, тогаш сигурно си добил вакви пораки во последно време од мене. Moжеби ти изгледала како обична порака, но не е… Во еден збор, вусшност јас барам помош. Никогаш нема да ти признаам колку навистина страдам. Тоа всушност не го правам затоа што сум премногу горд, туку затоа што мислам да не ти досаѓам и дека не вредам за твоето време.

Ако ми стане полошо, може дури да ти се јавам. Но повторно нема да ти признаам дека страдам. Напротив, ќе те прашам како си ти. Мојот начин да се отргнам од мислите во мојата глава понекогаш е со безначајни разговори или пак да пробам да ти помогнам тебе. Нема да разговарам за мене или за тоа како се чувствувам. Не сакам да те загрижувам. Знам дека овие мисли ќе поминат и дека тоа можам да го направам самиот. Read More

ДА ИЗГРАДИМЕ ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА ЛИЦАТА КОИ СТРАДААТ ОД МЕНТАЛНИ НАРУШУВАЊА

 

 

На прагот сме на третата декада од 21 век. Технолошката револуција целосно го смени свететот во кој живееме денес. Луѓето во повеќето земји во светот имаат пристап до здравствена заштита како никогаш пред тоа. Во развиените земји во последните 20 – 30 години почна отворено да се зборува за менталното здравје и психичките болести. Она за кое што во минатото воопшто не се зборуваше или се зборуваше многу малку, во последните години стана многу актуелна тема. Невладините организации ширум овие земји имаа голема улога во подигањето на свеста за менталното здравје. Кај нас за жал сме на самиот почеток…

Кога ќе се спомене дека некое лица има психички болести, веднаш се започнува со стигматизирање на тоа лице. Стигматизарењето знае да стигне до таму па истото да биде исмевано, како тоа да не заслужува да живее достоинствен живот како сите останати.

За полесно да биде сфатен проблемот, треба да направиме поделба на психичките болести како што тоа денес го прави психологијата на неврози и психози. Во неврози спаѓаат психичките нарушувања како што се: депресијата, анксиозноста, опсесивно-компулсивно растројство. Од друга страна во психози спаѓаат: шизофренија,шизотипните растројства, биполарното нарушување. Измеѓу нив е граничното нарушување на личноста. Ова е наједноставниот поим на нарушувања, а воедно и најчестите нарушување кои се јавуваат кај луѓето. Сепак има многу повеќе…

Read More

ЛИЦАТА СО ДУШЕВНИ БОЛЕСТИ – МАРГИНАЛИЗИРАНИ И НА ДНОТО НА ОПШТЕСТВОТО

 

Кога ќе се спомне дека некое лице има душевни проблеми, за жал во нашето општество веднаш се приоѓа кон стигматизирање на тоа лице, избегнување, недоверба, страв и повторно многу стигма. Во третата декада на 21 век кога психичките болести посебно во западното општество стануваат се позачестени, почнува и процес на отворена дебата на оваа тема за тоа како да се подобри животот на лицата кои страдаат од психички проблеми и борба за рушење на стигмите. За жал во Македонија сме на самиот почеток на оваа долга и макотрпна борба.

Современиот начин на живот, капиталистачкиот систем на длабоки поделби во нашето општество, прави се повеќе лица годишно да страдаат од некој тип на невроза како што се депресијата и анксиозноста. Од друга страна психозите (како што се делат во психијатријата, психичките нарушувања на психози и неврози), се уште посериозни состојби и треба многу посериозен пристап на нашата држава кон нив. Неодамна можевме да слушнеме по медиумите за случајот кога татко, чиј син страдал од шизофренија бил одбиен да биде сместен во болницата „Бардовци” без никакво образложение,а потоа состојбата му се влошила и пробал да си го одземе животот. За жал ова е само еден случај кој излегол во јавноста, слични случаи на лица со сериозни психички проблеми кои се одбиваат да се примат на болничко лекување се случуваат многу почесто. Одговорот на институиците е пренатрупаноста на овие болници.

Дополнителен проблем во изминатава година претставуваше пандемијата од КОВИД-19, поради која сите други лица кои страдаат од други болести влегоа во втор план, па така и лицата со нарушено ментално здравје. Оваа пандемија само ќе ја зголеми кризата во менталното здравје и тоа допрва ќе го гледаме. Секогаш кога има светски кризи како војни, природни непогоди, пандемии, економски кризи, тивко зад нив, секогаш скриени и колку што може подалеку од очите на јавноста следуваат психичките нарушувања.

 

Што треба да се направи?

Две работи се најбитни што можат и мораат да се направат во наредниот период. Како прво во Македонија има застарен закон за ментално здравје кој е донесен во 2006 г. Овој закон ги опфаќа само лицата кои се хоспитализирани во ментални институции и болници. Сметам дека ваквиот пристап е недоволен, со оглед дека повеќето од лицата кои страдаат дури и од сериозни психички нарушувања  се надвор од болничките институции. Тука мора да се спомне и дека државата не овозможува или пак овозможува во многу мал број психотерапии на товар на фондот, а овие терапии се клучни за подобрување на животот на овие лица. Просечна  приватна сеанса кај психотерапевт за еден час чини од 1500 денари, па нагоре. Со оглед на тоа дека голем дел од населението не може да си овозможи приватни психотерапии, овие лица остануваат исклучени од оваа помош која може да биде клучна за нивното здравје и живот.

Втората работа која е подеднакво важна е преголемата стигма на овие лица. Стигмата доаѓа од сите страни… од пријателите, од роднините, од соседите од институциите, па  дури и од самото семејство. Ние како Асоцијација Мисла работиме постојано за намалување на стигматизацијата преку информирање на населението. Но потребно е многу повеќе работа. Ние сме сосема свесни за тоа. Лицата со психички нарушувања мора да се ресоцијализираат и реинтегрираат во општеството. Со соодветна терапија( медикаментозна и психотерапевтска), овие лица можат да живеат долг и квалитетен живот и да се реинтегрираат во општеството(да се вработат, да формираат семејство итн). Дојдено е време кога не можеме да ги ставаме под тепих овие проблеми,а овие лица да ги третираме како невидливи. За крај никој не избира сам да боледува од некоја болест безразлика дали е тоа: депресија , биполарно нарушување, аутизам или шизофренија. Сите ние како целина заедно  сме должни да им помогнеме на овие лица. Само со добра стратетегија и информираност можеме да се избориме. Зрелоста и развиеноста на едно општество и неговите институции се гледа во тоа колку и што прави тоа општество за неговите најмаргинализираните групи. Да продолжиме со борбата за подобро утро на овие лица. Да ѝ ставиме крај на стигмата.

 

Напишал: Бојан Велковски, магистер по правни науки и член на НВО „Асоцијација Мисла”

ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА: КОЛЕКТИВНАТА ДЕПРЕСИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19

Март 2021 е перидот кога одбележуваме точно една година откако во Македонија и Европа почна долгата борба да се спречи ширењето на коронавирусот. Ова беше година на испуштени родендени, празници, семејни собири и што ли уште не. Она што започна со колективен страв и анксиозност од непознатото, исполнет со адреналин и надеж за што помал број на заразени и минимални човечки жртви, се претвори во колективна празнина и депресија. Пиењето кафе по паркови на отворен простор, пронаоѓањето на ново хоби, е заменето со преголемо време поминато дома во лежење и не правење на ништо. Сите сме виделе што се случува кога еден човек ќе падне во депресија, но што  кога тоа се случува со целото општество?

На секој од нас му треба поддршка повеќе од било кога, а секој од нас може да понуди помалку од било кога. Многу од нас веќе не  чувствуваат лутина и бес спрема они што не веруваат во вирусот и не ги почитуваат мерките- само сме изморени! Изморени од тоа да докажуваме дека навистина вирусот може да биде опасен, изморени од бескрајните состаноци на ZOOM, изморени од тоа да се преправаме дека се е океј, кога не е… Како резултат приметувам дека луѓето се повеќе се повлекуваат во себе, и покрај тоа што си требаме еден со друг повеќе од било кога. FACEBOOK, INSTAGRAM сепак не можат да ја заменат комуникацијата лице во лице. Како некој што секогаш бил анксиозен повеќе од просечно не гледам некое решение.

Но сметам дека постои чувство на поголема осаменост и изолација од колку на почетокот на пандемијата. Целата енергија насочена кон тоа што ќе се случи следно е заменета со колективна апатија. Се плашам дека виртуелната реалност како замена на времето поминато со пријателите и колегите не направи поограничени и кога ќе се вратиме во нормала после толку време многу работи ќе бидат поинакви.

Додека сите ја очекуваме вакцината, таа не може  да дејствува на колективната траума што ја доживеавме сите. Некои во оваа пандемија изгубиле некој близок. А, многумина верувам дека ќе се чувствуваат како да се изгубиле себеси. Нашето потпирање само на социјалните медими може да донесе многу проблеми- луѓето се социјални суштества, ни треба поврзување и комуникација со други луѓе, а не времето да го поминаваме затворени, оддалечени од нашите најблиски поради страв да не им го пренесеме вирусот.

И покрај сите негативности оваа пандемија ме научи на многу работи. Ме научи како можам да се чувствувам комфорно додека сум сам, кои луѓе ми се вистински пријатели- оние со кои што оддржав комуникација и покрај сите препреки, и колку навистина е потребно семејството во тешки моменти во животот. Сите ние можеме да бидеме благодарни за новите перспективи и она што го научивме во оваа криза.

И за крај, ќе бидеме наивни ако мислиме дека кога сите ќе се вакцинираме и оваа пандемија конечно ќе заврши ќе бидеме имуни на последниците по менталното здравје. Се соочуваме со две пандемии, едната добро позната пандемија од КОВИД-19  и другата многу потивка пандемија на влошено ментално здравје. Но верувам дека кога- тогаш, кога колективно ќе ги залечиме раните, овој период ќе ни послужи како лекција-  секогаш да помогнеме каде што можеме, да бидеме солидарни и човечни. Верувам дека силата на човечкиот дух е поголема од било која пандемија.

 

Напишал: Бојан Велковски

КАКО ИЗГЛЕДА И КАКО СЕ ЧУВСТВУВА ЛИЧНОСТА КОЈА СТРАДА ОД ДЕПРЕСИЈА?

 

Основна карактеристика на оваа болест е ниско, депресивно расположение, губење на чувството на задоволство, губење на енергијата, чувство на страв без некоја посебна причина(анксиозност), чувство на вина, неможност да се види никаква перспектива, безизлезност, губење на волјата на живот, размислување на самоубиство, па дури и обид за самоубиство. Исто така промена во размислувањето, исхраната и сонот.

 

  1. Какво е расположението?

Депресивните личности се тажни и безнадежни. Луѓето кои страдаат од оваа состојба го губат задоволството во активностите во кои претходно уживале. Има многу голема разлика од дерпресијата и тагата. Депресивните луѓе чувствуваат длабоко патење и емоционална болка. Некои депресивни луѓе можат да бидат полесно иратибилни, нервозни и анксиозни од колку тажни. Карактеристично за нив е што не гледаат можност за подобрување, иако многумина од нив поради карактеристиките на болеста поминале низ таа фаза на подобрување и повторно влошување.

Самото лице дава чувство на болка. Најчесто без солзи, но некои и плачат, возбудени и исплашени се поради својата состојба. Речиси половина негираат дека се депресивни, па најчесто се доведени на психолог/психијатар од најблиските. Типични се и дневни варијации на депресивното расположение, па некои се чувствуваат повеќе депресивно во одредеден период од денот.

Депресијата многу често ( во повеќето случаеви) доаѓа заедно со анксиозноста, злоупотреба на алкохол и дроги. Понекогаш доминираат и физички симптоми, а тоа е најчесто кај повозрасните лица. Во најголемиот број случаеви лицето кое страда од депресија, страда и од анксиозност и лицето кое страда од анксиозност чувствува депресија, така што станува збор за дијагноза што и психијатрите најчесто ја даваат – депресивно-анксиозно нарушување.

 

  1. Што е со телесните функции?

Лицата кои страдаат од депресија имаат промена во исхраната( зголемен или намален апетит). Исто така пореметувањето на сонот е доста често. Дури 80 % се жалат на неможноста за добар и квалитетен сон, неможност да заспијат и често будење во текот на ноќта. Всушност  лицата кои се будат повеќе пати во текот на ноќта, a потоа не можат лесно да заспијат, страдаат од најтежок облик на клиничка депресија.

Исто така депресивни луѓе често се жалат на хронична исцрпеност. Со тоа доаѓаат и потешкотии да ги завршат работните обрски и намалено либидо.

 

  1. Каква е психомоториката?

Депресивните луѓе имаат намалена психомоторна спосoбност која се манифестира како успорено мислење и успорен говор и успорени движења. Способност за говорење и движење може да дојде до т.н состојба на депресивна летаргија кога пациентите се изолираат и одбиваат да разговараат. Но, пациентите можат да бидат и во состојба на т.н психоморона агитација, односно да бидат вознемирени, да не можат мирно да седат на едно место, да чувствуваат потреба постојано да се во движење.

 

  1. Каква е концентрацијата?

Многу лица кои страдаат од депресија имаат намалена концентрација и намалена способност за размислување. Најчесто не можат да ги завршат секојдневните активности( на работа, во училиште, домашни обрски…). Дури кај некои се јавува и неможност да се сетат на вообичаните секојдневнивни обврски кои ги завршиле. Ова се случува почесто кај повозрасните лица.

 

  1. Какви се тие психотични симптоми и кога се појавуваат во депресијата?

Во многу тешки случаи на депресија, некои можат да развијат и психотични симптоми како што се халуцинации или погрешни верувања кои немаат стварност во реалноста, лажни убедувања, заблуди настанати на нереална основа и нерационални размислувања. Кај депресивните луѓе ова се јавува многу ретко, а ако се јават најчесто се проследени со чувство на вина, грешност, безвредност и можат да бидат последица и од тешка телесна болест.

 

20.02.2021

Извор: plivazdravlje.hr

Подготвил: Бојан Велковски

ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 Е ПОСЕБНО ТЕШКА ЗА ДЕПРЕСИВНИТЕ ЛУЃЕ

Стравот од заразување, стравот од губење на работното место, изолацијата…се многу тешко подносливи. Депресивните луѓе често страдаат поради недоволното движење и интеракција со други луѓе.

Но, не се работи само за стравот од заразување од вирусот, строгите мерки против ширењето на пандемијата и „новата реалност” значат прекин на нормалниот живот кој трае веќе една година, тука спаѓаат и загриженоста за работното место, финански проблеми и неможноста да се видиме со роднините и пријателите.

Многумина се осеќаат изолирано и осамено, светот е застрашувачко мал и без задоволства, недостасуваат дружења, посетување на спортски и културни настани…

Она што за сите е тешко подносливо, за депресивните луѓе е застрашувачко. Истражувањата покажуваат дека тие не се плашат од заразување ништо повеќе од луѓето кои не страдаат од депресија(43% наспроти 42), но мерките за заштита и изолација ги погодуваат повеќе (74% наспорти 59%). Така депресивните луѓе двојно повеќе страдаат од немањето структура во секојдневнието.

Поголема депресија поради недоволно движење

Луѓето кои страдаат од депресија се исцрпени и без надеж. Изолирањето поради страв од зараза им овозможува да останат подолго во кревет и премногу да размислуваат, а тоа дополнително ја зголемува депресијата.

Истражувањата во Германија за време на карантинот и првото затворање од појавата на пандемијата покажуваат дека мерките за заштита тешко ги погодиле заболените од депресија.

Истражувањата покажуваат дека се чувствуваат осамено и изолирано (73% од луѓето кои страдаат од депресија спрема 34% од оние кои немаат депресија), дека премногу размислуваат ( 89% наспроти 41%), дека им недостасува внатрешен поттик ( 84% наспроти 39%), дека имаат нарушен сон (63% спрема 26%), дека се повлекле во себе (67% спрема 34%), дека се досадуваат ( 55% спрема 31%), дека се загрижени за своите работни места (41% спрема 28%), дека ги доживуваат другите луѓе побеобзирни отколку пред тоа ( 57% спрема 40%). Исто така во нивните семејства почесто има конфликти ( 43% спрема 18%)

Лоша медицинска грижа за луѓето кои страдаат од психички нарушувања поради пандемијата

Строгите мерки против ширењето на вирусот беа на штета и на лечењето со тоа што за време на карантинот оние кои што имаа потреба беа спречени да посетат психолог или психијатар. 56% од испитаниците во Германија одговориле дека нивното лекување се влошило и дека битни психотерапии кои требало да ги имаат им биле откажани.

Но,истото се случува и на сите подрачја на медицината. Луѓето прекасно одат на доктор поради страв од зараза, а и многу операции беа откажани годинава поради пандемијата.

Може ли лекувањето на далечина да го замени директниот разговор?

На луѓето кои страдаат од депресија и други психички нарушувања им треба директен разговор со психијатар или психотерапевт. Изминатава година тоа се одвиваше телефонски или преку некоја од онлајн платформите. Сепак тоа не може да го замени директниот разговор со стручно лице ( само на 44% им е доволна дигиталната психотерапија).

58% од испитаниците во Германија за време на првиот карантинот виделе и позитивни страни ( повеќе време со семејството, посвесно доживување на пролетта…), кај депресивните луѓе само една третина го доживеале истото чувство.

Но, сепак од целата ситуација со пандемијата од КОВИД-19 немаме само депресивни луѓе кои се во тешка состојба. Некои луѓе негативното го претвориле во позитивно и на некој начин виделе шанса во кризата. Пробале нешто ново или почнале повторно со некое старо хоби, или пак ги оживеале некои стари пријателства за да можат полесно да ја поднесат ситуацијата. Сепак едно е јасно, колку подолго трае пандемијата толку повеќе ќе се зголемува бројот на лица кои бараат психолошка или психијатриска помош.

01.02.2021

Извор: dw.com

Подготвил: Бојан Велковски

Психолози од Харвард: Правете ги овие 7 работи за да ги израснете вашите деца во здрави личности

Детскиот мозок не е ист како мозокот на возрасните. Нивниот мозок е во изградба, и е работа на родителите да изградат флексибилен мозок со кој децата еден ден ќе можат да се впуштат во светот. Според долги истражување на психолози од Хардвард следниве седум правила се клучни за вашето детето порасне во здрава личност.

 

  1. Бидете градинар, а не сејач

Сејачите го обликуваат семето во форма во која што тие сакаат, градинарите пак му помагаат тоа да созрее на свој начин. На тој начин родителите наместо да го форсираат детето да стане на пр. виолинист(против некога волја), дозволете детето да го избере својот пат. Дали тоа сака да биде музичар и виолинист? Еднаш кога ќе разберете какво „семе” растете, ќе може да го адаптирате да созрее на прав начин.

 

  1. Зборувајте и читајте му на вашето дете

Истражувањата покажуваат дека дури и кога детето е само неколку месеци возрасно и не го разбира значењето на зборовите, неговиот мозок реагира на нив. Научете ги и на зборови кaко тажен среќен, задоволен…а потоа објаснете им ги овие зборови во секојдневни ситуации…пр: „Го гледаш детето што плаче? Тоа чувствува болка затоа што падна.”

 

  1. Објаснувајте му

Може да биде навистина исцрпувачки кога вашето дете постојано ве прашува „ Зошто?”, но на тој начин учи нешто ново. Ако му одговарате „Затоа што јас реков така”, не само што нема да научи ништо ново, туку нема да може и да ги разбере своите постапки и последиците од своите постапки.

 

  1. Објаснете му ја активноста, не личноста

Кога вашиот син ќе ја удри вашата ќерка не му викајте само да престане да го прави тоа. Кажете му да престане да ја удира сестра му затоа што тоа ја боли и иритира. Научете го да знае да каже „извини”. И слична ситуација доколку вашата ќерка направи нешто добро, не и викајте само „Браво “. Речете и на пример. „Постапи добро што не возрати на ударот на брат ти”. На овој начин ја моделирате нивната флексибилност која ќе им треба во реални ситуации во животот, и исто така ги учите за своите постапки и зошто се тие добри или лоши.

 

  1. Вашите деца ги копираат вашите постапки, затоа бидете внимателни како постапувате

Децата учат кога гледаат, си играат, но најмногу учат кога ги гледаат постапките на нивните родители. Па затоа трудете се да бидете пример за вашите деца, од кој што ќе можат да учат и да се огледуваат.

 

  1. Овозможете им на вашите деца да имаат контакт со повеќе луѓе

Освен со луѓето со кои постојано се изложени вашите деца како бабите и дедовците, тетките и чичковците, изложете ги да се дружат почесто и со други деца на нивна возраст( се разбира тука треба да бидете претпазливи со кого им дозволувате да се дружат). Групата од врсници има големо влијание врз нивниот раст и развој и како потоа ќе се впуштат во светот на возрасните.

 

  1. Овозможете им да учат сами

Децата сакаат кога учат сами нови работи. Премногу заштитнички поставени родители можат да предизвикаат спротивен ефект и во иднина детето дури кога ќе порасне да не може да ништо само да направи без помош родителите. Се разбира многу е тешко и предизвикувачки да знаете кога да отстапите и да ги натерате да направат нешто сами. Но понекогаш кога сами се борат нешто да научат или направат им овозможува да го разберат своето однесување и последиците од своето однесување.

 

24.01.2021

 

Извор: cnbc.com

Подготвил: Бојан Велковски

ПЕТ НАЧИНИ ЗА САМОПОМОШ ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ КОИ СТРАДААТ ОД АНКСИОЗНОСТ

Сите се соочуваме со анксиозност во непредвидливи,страшни и предизвикувачки ситуации. Анксиозноста е многу природна човечка емоција која постои за да не заштити од потенцијални закани во животот. Анксиозноста често е непријатно чувство на загриженост. Исто така може да предизвика и физички симптоми- како срцебиење, забрзано дишење, главоболки и проблеми со стомакот.

Младите луѓе се соочуваат со многу промени во животот и многу нови искуства и сосем природно е понекогаш да се чувствуваат анксиозни. Пандемијата од КОВИД-19 дополнително ги зголеми предизвиците за младите луѓе по нивното ментално здравје и го зголеми чувството на анксиозност.

Пробајте да ја намалите анксиозноста со следниве пет чекори:

  1. Земете длабоко воздух – Вдишете длабоко преку носот и испуштете го воздухот преку устата. Бавното вдишување и издишување е наједноставен и најефикасен начин за намалување на анксиозноста. Брзото дишење е својствено за анксиозноста. Можете секојдневно да вежбате бавно вдишување и издишување, на тој начин ќе го релаксирате телото и ќе ги тргнете негативните мисли.
  2. Разговарајте со пријател или со некого на кого може да му верувате – кажете како се чувствувате. Кога разговарате со некого во кого имате доверба се намалува притискот во мозокот кој го чувстувате и ви овозможува чувство на сигурност. Имајте на ум дека и вие може да му бидете од помош на некој кој се чувствува анксиозно.
  3. Вратете се кон основните работи кога се чувствувате анксиозни – недостатокот од сон или лошата исхрана природно ја зголемува анксиозноста. Затоа фокусирајте се да имате квалитетен сон, здрава исхрана и физичка активност. Многу луѓе за да ја намалат анксиозноста конзумираат алкохол во големи количини, но на долг рок ова само ќе ја зголеми вашата анксиозноста и ќе направи да се чувствувате полошо.
  4. Правете секојдневни активности кои ве смируваат – обидете се барем еден час во денот да одвоите време за работи кои ве опуштаат како читање книга, цртање, медитирање…Тргнете се од активности кои ќе ви ја зголемат анксиозноста, како постојано читање на негативни работи на интернет.
  5. Побарајте дополнителна помош – доколку чувствувате дека вашата анксизност е преголема и веќе не може да се справите со неа и негативно влијае на вашиот квалитет на живот, училиштето/факултетот, секојдневните активности не се срамете да разговарате со психолог/психотерапевт.

 

20.01.2021

 

Извор: voicesofyouth.org

Подготвил: Бојан Велковски

ЗОШТО АНКСИОЗНОСТА Е ПОЧЕСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ,ОТКОЛКУ КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕ?

Нова студија во САД спроведена од 2008 до 2018 година, покажала дека младите луѓе се многу поизложени на анксиозноста од колку повозрасните.
– Студијата е спроведувана на лица од 18 години и постари во период од 2008 до 2018 година.
– Анксиозноста кај младите од 18-25 години за време на ова истражување речиси двојно се зголемила, но останала на исто ниво кај лицата над 50 годишна возраст.
– Сеуште не е јасно која е причината младите да бидат поанксиозни, но социјалните медиуму, економската несигурност и нездравиот животен стил можно е да имаат улога. Read More

ЗА СИТЕ ШТО СЕ МОМЕНТАЛНО НЕВРАБОТЕНИ ПОРАДИ ДЕПРЕСИЈА ИЛИ ДРУГО ПСИХИЧКО НАРУШУВАЊЕ

Со што се занимаваш?
Кога запознаваш нови луѓе или ќе сретнеш некого кој што не си го видел подолго време, едно од првите прашања е „Со што се занимаваш”. Тоа е едно од основите прашања кога влегуваш во нова конверзација. Но кога не можеш да работиш заради ментално нарушување, тешко е да се одговори на ова прашање. Read More

ШТО Е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ?

Менталното здравје се однесува на когницијата, однесувањето и емоционалната благосостојба на една личност. Честопати со изразот „ментално здравје” се мисли отсуство на ментална болест.

Менталното здравје влијае на активностите кои ги имаме, врските со другите луѓе и физичкото здравје. Но исто така процесот е и обратен. Факторите во животот на една личност како што се одредени настани и физички фактори влијаат врз менталното здравје. Read More

НЕ ГИ ОСУДУВАЈТЕ ЛУЃЕТО КОИ ПИЈАТ АНТИДЕПРЕСИВИ !

Луѓето кои имаат психичка болест се доволно стигматизирани со самото тоа што имаат некоја дијагноза, но во последно време се почесто стигмата станува уште поголема спрема оние кои примаат лекови за својата состојба како антидепресиви или антипсихотици. Постојат толку дезинформации за нив од тоа дека никогаш нема да можете да ги откажете, до тоа дека сте „слабаци” ако пиете лекови. Имам впечаток како во последно време стигмата која е околу менталното здравје кога ќе се спомнат некои т.н „полесни дијагнози” како депресија и анксиозност станува поприфатлива, се до моментот кога личноста ќе спомне дека пие лекови за оваа состојба, а пак воопшто да не спомнувам кога станува збор за некоја т.н „потешка дијагноза” и за лековите за таа дијагноза. Read More

Како тинејџерите да го зачуваат своето ментално здравје за време на пандемијата од КОВИД-19?

Пет стратегии за тинејџерите да се соочаат со „новата нормалност”
Тинејџерските години знаат да бидат турбулентни и тешки, но сега со пандемијата од КОВИД-19, за тинејџерите можат да бидат уште потешки. Со затворањето на училиштата и откажувањето на настани многу од нив чувствуваат дека го губат најбитниот период од нивниот живот- младоста.

За тинејџерите кои поради оваа ново настаната ситуација се чувствуваат изолирано, анксиозно и разочарано… знајте го ова не сте сами! Експертот за адолесценска психологија, автор и колумнист во американскиот весник „New York Times” д-р Лиза Дамор зборува за тоа како тинејџерите да се грижат за себе и да го зачуваат своето ментално здравје за време на оваа пандемија. Read More

Зошто некои луѓе со биполарно растројство доживуваат психоза?

За луѓето кои само слушнале за биполарно растројство, за ова ментално нарушување често се мисли дека е „ролеркостер“ од емоции – од една страна депресија и од друга страна манија кои можат сериозно да го нарушат здравјето на личноста која страда од биполарно растројство. Сепак ова нарушување има и други комплексни карактеристики кои го прават тешко за дијагностицирање. Една од нив е и психозата. Read More

Celebrating World Mental Health Day – October 10, 2020

The Mental Health Association Misla with its collaborators this year chose the impact of the pandemic caused by KOVID-19 on the mental health of citizens as a current topic to mark this day. For that purpose, we have prepared a convenient leaflet in electronic form with messages on the topic.

We invite you as citizens and as representatives of various organizations, institutions, and companies to join us and support us in contributing to social inclusion and a better future for this category of our fellow citizens.

Today is October 10, World Mental Health Day, which is traditionally celebrated every year to raise awareness among citizens and authorities about the problems and challenges faced by our fellow citizens who have impaired mental health.

Одбележување на светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври 2020

[pl_row] [pl_col col=12] [pl_text]

Денес е 10ти октомври, Светскиот ден за заштита на менталното здравје, кој традиционално се одбележува секоја година за да се подигне свеста и кај граѓаните и кај властите за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани кои имаат нарушено ментално здравје.

Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла со своите соработници оваа година како актуелна тема за одбележување на овој ден го избра влијанието на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 врз менталното здравје на граѓаните. За таа цел изработивме пригоден леток во електронска форма со пораки на оваа тема.

Ве повикуваме како граѓани и како претставници на разни организации, институции, компании да ни се придружите и да не поддржите заедно да придонесеме кон социјална инклузија и подобра иднина за оваа категорија наши сограѓани.

[/pl_text] [/pl_col] [/pl_row]